Текстилците бараат помош од Владата

Bez autora
Jun 01 2010

Отпуштањата во текстилната индустрија ќе продолжат ако власта не преземе мерки кои директно ќе бидат насочени кон оваа гранка. Лани беа отпуштени 3000 тесктилци, овој тренд ќе продолжи и годинава, бидејќи за осум проценти е намален и бројот на склучени договори за идната година во однос на лани. Нашите компании секојдневно се судираат со притисок од странски компании каде велат, или ќе ги намалите цените за дваесет центи или ќе одам во Кина и ние сме доведени во ситуација да прифатиме помали цени, само за да опстане производството. Од Владата се бара намалување на царините за увоз на репроматеријали и давачките за вработените, но исто така и порачуваат да најде начин за субвенционирање по примерот на некои други гранки. Падот на извозот во 2009-та година во однос на 2008-та година од девет проценти, не беше резултат само на светската криза. Дури се плашиме дека падот во 2010-та година може да биде и поголем. Тој пад е резултат на трендот на селењето на текстилната индустрија во државите каде имаат многу помали давачки.

Текстилците бараат помош од ВладатаОтпуштањата во текстилната индустрија ќе продолжат ако власта не преземе мерки кои директно ќе бидат насочени кон оваа гранка.

Лани беа отпуштени 3000 тесктилци, овој тренд ќе продолжи и годинава, бидејќи за осум проценти е намален и бројот на склучени договори за идната година во однос на лани.

„Нашите компании секојдневно се судираат со притисок од странски компании каде велат, или ќе ги намалите цените за дваесет центи или ќе одам во Кина и ние сме доведени во ситуација да прифатиме помали цени, само за да опстане производството“, рече Ангел Димитров, Стопанска Комора на Македонија.

Од Владата се бара намалување на царините за увоз на репроматеријали и давачките за вработените, но исто така и порачуваат да најде начин за субвенционирање по примерот на некои други гранки.

„Падот на извозот во 2009-та година во однос на 2008-та година од девет проценти, не беше резултат само на светската криза. Дури се плашиме дека падот во 2010-та година може да биде и поголем. Тој пад е резултат на трендот на селењето на текстилната индустрија во државите каде имаат многу помали давачки“, додаде Димитров.

Во текстилната индустрија се се вработени 35 илјади луѓе. Оваа гранка остварува значаен девизен прилив, но во последниве години производството на текстил и ткаенини бележи континуиран пад.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik